2win800x200

ОД УТРЕ ЗАПОЧНУВА СКИ - СЕЗОНАТА ВО СКИ – ЦЕНТАРОТ „КОПАНКИ“

Јануари 04, 2019

Од утре, сабота 5 јануари, официјално започнува новата скијачка сезона во Ски – центарот „Копанки“. Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените.

Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата скијачка сезона, извршено е обележување на постојните патеки, а скијачките терени се подготвени со помош на машините за подготовка на скијачките патеки. За утрешното скијање во функција ќе бидат ставени двете жичарници и ски – лифта во ски – центарот „Копанки“.

Работното време на Ски - центарот е од 9 до 15,30 часот.

И годинава ќе важат истите цени на ски - билетите. Сезонскиот билет е 4.000 денари, дневен билет чини 300 денари, тридневен 600 денари, билет за едно возење со жичарница чини 100 денари, а тридневен пакет аранжман од три полни пансиони во хотел „Молика“и тридневен ски – билет е по цена од 5.500 денари.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани