Градешка река замрзна, пред Водици се крши мразот за да се фрли Светиот крст

Јануари 17, 2019

Градешка река замрзна, но жителите  и потомците на мариовското село Зовиќ  се подготвуваат за големиот христијански празник Богојавление- Водици . Иако во селото има само седум постојани жители, нивните роднини од градот веќе им помагаат за да се одбележи празникот. Помладите започнаа со кршење на мразот и поставување на греди за да може да се наполни вирот со вода и да има каде да се фрли Светиот крст.

 

-На овој ден во Зовиќ се собираат преку стотини верници со потекло од ова село  , како и нивни роднини и пријатели. Традицијата продолжува со тоа што млади деца се фрлаат по  крстот, тој  е сребрен стар со децении , а не дрвен. Крстот  знае да пропадне во камењата и тињата така што верниците имаа тешка задача додека да го најдат, во минатото се случувало и да го празнат вирoт за да го извадат,  вели Благојче Атанасовски, битолчанец кој потекнува од селото Зовиќ.

zooovok

zovik 3

 

zovik

 

zovik 2

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани