2win800x200

Се поплавија подрумските кабинети во Техничкото училиште

Јануари 24, 2019

По наглото топење на снегот и порастот на температурите се поплавија подрумските кабинети во техничкото училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“-Битола за што апла.мк објавува и низа фотографии . Причина за ваквата хаварија  најверојатно е понирање на вода во подрумот која  е резултат на оштетна атмосферска канализација или пак евентуално постоење на подземни води. Објектот на училиштето во континуитет тони во земјата што може веќе да се забележи и со голо око. Тонењето на објектот е отприлика од 10 до 20 сантиметри во зависност од позициите. Од раководството на школото велат дека денеска се соочуваат со поплавени кабинети за практична настава како и пропаѓање на дел од подовите кои се со мермерни плочки.

 tttt

-Проблемот е наследен,  за истиот е алармирано до Општина Битола, службите се запознаени со проблемот, но досега не е понудено решение. Штетите по училиштата не смеат да зависат од тендерските постапки и Општината мора да најде начин на обезбедување на финансиски средства како  училиштата и нивните менаџерски тимови да може сами да се справуваат со овие проблеми, бидејќи одредени оштетувања не трпат чекање и пролонгирање и мора да се реагира веднаш, изјави Владимир Роме, директор на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“-Битола.

Во техничкото училиште се соочуваме и со стара дотраена одводна мрежа вели директорот Роме со испукани гусени цевки и голем дел од нив со сопствени средства ги извадовме но немаме  пари да се заменат со нови, така што подолго време во одредени училници не може да се користи вода за бришење на таблите и одржување на лична хигиена на учениците и за решавање на овој проблем се чекаше на завршување на тендерот кој во меѓувреме пропадна, вели Роме.

teh

 

teh 3

 

teh 44

Од Општина Битола ни одговорија дека „во однос на поплавените подрумски простории во СОТУ„Ѓорѓи Наумов“, проблемот е долгорочен, наследен и се провлекува со години наназад. Со тековните постоечки тендери за градежно-занаетчиски работи, со кои во голема мерка се санирани дел од проблемите во ова училиште, не може да биде решен проблемот со поплавувањето. Општина Битола е запозната за оваа состојба и се бара заедничко решение за надминување на проблемот, велат од општината. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани