Продолжува крпењето на улиците со ладен асфалт, „Нискоградба“ подготвена за нови врнежи од снег

Февруари 05, 2019

По улиците од прв приоритет  во централното градско подрачје продолжува крпењето на ударните дупки настанати поради поларните температури и мразеви во изминатиот период , а ЈКП „Нискоградба“ ја следи временската прогноза  на УХМР и  се подготвува за справување со евентуално нови врнежи од снег.

-Имаме  доволно количини на ризла и сол за да се справиме  со новиот  снег кои метеоролозите го прогнозираат за утре навечер и четврток во раните утрински часови, вели Методиј Силјановски директор на ЈКП „Нискоградба„ –Битола.  

 Зимава на улиците низ градот се фрлени  360 тони сол и исто толку кубни метри ризла.

Во исто време „Нискоградба“ продолжува со крпење на ударните дупки на улиците со ладна асфалтна маса и ситна камена коцка се до почетокот  на производство на топла асфалтна маса од базите од Битола, наведува Силјановски.

krpenj

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани