2win800x200

Се крпи со коцки и ладен асфат зашто општината нема своја асфалтна база

Февруари 06, 2019

Од минатата недела ЈП „Нискоградба“ започна со крпењето на улични дупките со бехатон коцки и со ладна асфалтна маса. Топол афалт не се поставува зашто Општината не располага со сопствена асфалтна база, во тоа не се инвестирало години наназад.

 

„Крпењето со топол асфлат ќе се изведи кога ќе почнат базите да вадат топол асфалт. Штом базите на ‘Македонија пат’ и ‘Гранит’ започнат со производство на   топол асфалт  ќе почнеме веднаш и со таква интервенција. Доколку сега би почнале со работа, парични средства се обезбедени за таква санација. За во иднина најдобра варијанта е Општината да има своја мини асфалтна база за да не настануваат вакум периоди“, вели Методија Силјановски, директор на ЈП „Нискоградба“.

Градоначалничката Наташа Петровска во интервју за Апла.мк имаше изјавено дека се водат разговори во насока на тоа  Општина Битола ова да го реши ова прашање трајно и да не се јавува како проблем секоја година.

„Ова го работи ЈП „Нискоградба“, но нема асфалтна база и останува асфалт да добива тогаш кога ќе има добра волја оној кој што ја доставува. Разговаравме со директорот и се работи во таа насока како Општина Битола ова да го реши трајно и да не се јавува како проблем секоја година. Диркеторот рече дека ќе ги разгледа сите опции и ако го решиме системски ќе остане не само за оваа локална самоуправа туку и за сите наредни“, рече Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани