2win800x200

Половина милион евра за реконструкција на улиците во Ресен

Февруари 07, 2019
Општина Ресен обезбеди половина милион евра за реконструкција на три улици во централното градско подрачје. Реконструирани ќе бидат улиците „11 Октомври“, „29 Ноември“ и „Таше Милошевски“ во вкупна должина од 2000 метри.
Во тек е јавна тендерска постапка, а веднаш по завршување на процедурата и избор на најповолен понудувач ќе започнат активностите на терен, најверојатно со почетокот на новата градежна сезона.
-Основната цел на проектот е да се придонесе кон подобар квалитет на живот на граѓаните во Општина Ресен, а во исто време и унапредување на инфраструктурата во функција на развој на туризмот, вели градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.
За оваа јавна набавка обезбедени се средства преку Светска Банка и МСИП 2
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани