2win800x200

Продолжуваат активностите за доизградба на колекторискиот систем и пречистителната станица за Битола

Февруари 08, 2019

Меѓународен тендер за доизградба на колекторискиот систем и пречистителната станица во Битола се очекува да биде распишан оваа година, по што во 2020 година ќе отпочнат и работите на терен, вели првиот човек на ЈКП „Нискоградба“, Методи Силјановски.

-Во 2019 година треба да се распише меѓународниот тендер ,а тоа ќе значи дека во рок од 6 до 9 месеци ќе се избере изведувач и во 2020 година ќе се отпочне со градба на истите, вели Силјановски.

 

Од лани во јануари  обезбедени се приближно 27 милиони евра за изградба на пречистителна станица и колекторски систем во Општина Битола. Дури 85 проценти од средствата се обезбедени преку ИПА фондовите, а 7,5 милиони евра од Владата на РМ.Реализација на проектот ќе биде од големо еколошко значење за битолскиот регион. Општината , исто така лани од својот буџет обезбеди 17 милиони денари за експропријација на земјиштето.Според најавите од минатат година согласно предвидената проектна динамика, Општина Битола до крајот на 2020 година или најдоцна до крајот на  2021 година, треба да добие пречистителна станица со која е предвидено собирање и третирање на отпадните води во Битола и околината.Владата лани во март ја усвои информацијата за реализација на проектот „Изградба на Пречистителна станица за отпадни води и рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Битола“.

Во Битола не постои пречистителна станица за отпадни комунални води во општината. Комуналните отпадни води од домаќинствата се испуштаат директно во реката Драгор, која е екстремно загадена, а минува низ центрот за Битола. Отпадните води од индустријата се испуштаат без претходен третман во Петтиот канал или во реката Драгор, кои се притоки на Црна Река.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани