2win800x200

„Пазари“-Битола, прво општинско јавно претпријатие што ќе произведува еколошка струја за свои потреби

Февруари 21, 2019

ЈП „Пазари“-Битола  ќе произведува електрична енергија преку фотоволтаични панели за сопствени потреби. Советот на Општина Битола донесе одлука  ЈП „Пазари“ да ја прошири својата дејност, да го измени и дополни Статутот на претпријатието со што за сопствени потреби да може да произведува струја. На овој начин „Пазари“ ќе биде и првото општинско јавно претпријатие во државата од оваа дејност кое само ќе произведува струја за покривање на своите потреби.

Директорот на ЈП „Пазари“ –Битола, Владо Атанасовски вели дека панелите ќе бидат поставени на кровот на постоечките настрешници во Градскиот пазар што служат за заштита на тезгите.

 

-Првично после оваа одлука како претпријатие ќе направиме проект, бидејќи ја добивме согласноста од Советот на Општина Битола за дополнување на нашата дејност, потоа ќе следат постапки, по што ќе се  постават фотоволтаичните панели. Сметаме дека не само што ќе се заштедат средства што сега ги плаќаме за потрошена електрична енергија, туку со тоа ќе имаме  придобивка и од еколошки аспект, вели Атанасовски за апла.мк.  

Оваа одлука претходно на 30 јануари годинава ја изгласа Управниот одбор на ЈП „Пазари“ а во неа стои дека „Се донесува Одлука за отпочнување на постапка  и согласност за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Пазари“-  Битола  со што би отпочнала постапка за поставување на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија за сопствени потреби“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани