2win800x200

Подобри услови за учениците од руралните средини

Март 01, 2019

Продолжува санацијатана училиштата во руралните средини, информираат од Општина Битола. Градоначалничката Наташа Петровска, денеска посети 4 подрачни училишта кои работат во состав на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица и заедно со директорот Димитар Пипилевски, извршија увид во градежните  активности кои се во тек, а некои се веќе завршени

Во подрачното училиште во селото Граешница, по интервенцијата на ЈКП „Водовод“ Битола, донесен е довод и одвод во училишниот објект, со што ќе се овозможи во следната фаза изградба на тоалет во училиштето,  наместо досегашниот кој е надвор од зградата. Во наредниот период во оваа зграда ќе се врши санација и опремување на уште една училница, како и поставување на патека од патот до училишната зграда, со цел учениците и наставниците да не минуваат низ кал  до влезот во училиштето.

Во подрачното училиште во селото Лажец, со средства од Општина Битола беа заменети дотраените печки на дрва со нови, кои, како што велат вработените, им штедат дрва, а на учениците им обезбедуваат долготрајна затопленост за време на часовите. Во ова училиште ќе се изврши и санација на покривната конструкција.

Во подрачното училиште во селото Жабени, исто така е набавена нова печка на дрва, а во наредниот период следува набавка на уште една, како и санација на училниците.

Во селото Меџитлија Општината инвестираше во реконструкција на таваните и покривната конструкција, а исто така, руинирана просторија, која се користеше како магацин, сега е целосно обновена во спортска училница. Во наредниот период во ова училиште Општината ќе обебеди средства за поплочување на ходникот, како и нов под во спортската училница.

Од Општината информираат дека во реконструкцијата со сопствени средства се вклучиле и приватни лица. Така, во училиштето во Граешница, средства донирал Сефер Алиевски за новата дограма, дел од инвентарот и подот, а за изградба на спортската училница во Меџитлија, финансиски средства донирал Керим Сулејмани.

 

 

IMG 20190301 140101

 

IMG 20190301 140146

IMG 20190301 141710

IMG 20190301 141751

IMG 20190301 142309

IMG 20190301 145009

IMG 20190301 152036

 

 

IMG 20190301 152240

IMG 20190301 140438.jpg.png

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани