Се поплочуваат пешачките патеки и се поставува улично осветлување на „Златен рид“

Март 15, 2019

Се комплетира уредувањето на  асфалтираните  улиците во новата населба „Златен рид“ со тоа што деновиве се прават нови пешачки патеки и се поставува улично осветлување. Со овие градежни активности, локалната самоуправа го решава долгогодишниот проблем на станарите и инвеститорите од овој дел на градот, кои и покрај платените средства за комунални услуги, со години немаа можност да добијат соодветно инфраструктурно поврзување.

 Од општината велат  дека во завршна фаза се инфраструктурните активности во АРМ 1 и АРМ 2. Деновиве се врши поставување на ивичници, се прават тротоари, се поставува улично осветлување, а на почетокот на идната недела ќе се изврши и асфалтирање на дел од улиците.

arm1

Во АРМ 1, се поставуваат тротоари и коловозни конструкции на дел од улиците.

-Инфраструктурните активности завршуваат на 31.03.2019 година, по што ќе следува технички преглед за отстранување на евентуални недостатоци.

Со договорот за кредитот за комплетна изградба на инфраструктурата во поранешната касарна и анексот на договорот, во овој дел се обезбедува водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација, улично осветлување и асфалтирање на улиците, со што овој урбан дел ја добива потребната инфраструктура, која за истиот е од витално значење.
Вкупната вредност на инвестицијата за реализација на комплетна инфраструктура на 14 улици во АРМ 1 и АРМ 2 изнесува 155.000.000,00 денари, велат од Општина Битола за апла.мк.

arm2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани