2win800x200

Класнето: „Една куќа како да суредивме од А со Ш!“

Март 24, 2019

Успешно помина еколошката акција „Мети си со класнето“. На втора шест од Средното медицинско училиште, предводено од класната Марија Магдалена Петковска Микаровска им се придружија и родители, ученици од други класови, вработени на Правниот факултет, од здружението Геосфера, Мите Ристов со клас од Горната гимназија, од Млади хуманисти, од Народниот театар и други битолчани. Во акцијата учествуваа 60 битолчани на кои им пречи расфрленото ѓубре и сакаат чиста животна средина. Ја светнаа депонијата во околината на новиот пазар.

 

„Втора шест на ниво на задачата. Имавме родители на децата, имавме луѓе кои го виделе повикот и сакаа да помогнат. Имаше случајни минувачи кои се приклучија и такви кои не гледаа како да сме вонземјани. Најдовме стар мебел од некој труп трупосан шо сакал да си реновира дома, а да не плати камион да му го земи сметот и да го однеси во депонија. Па, си решил да направи депонија. Не се секирај друже средивме се, релакс ти не се напнувај децата скоцкаа се. Друг пат викни не совреме. Најдовме шприцови, метадонче, умрен зајак, телевизорчиња, чевли, алишта, документи на Снекии од фирмата, се' фала Богу една куќа да си суредиме од А до Ш“, напиша Класнето на фејсбук.

Додека чистеле, имало и такви кои ги гледале и со прст не мрднале.

„Пазарџиите најхит. Не мрднаа една рака да стават. Како не се засрамија, од тоа место го вадат лебот. Дури и нормално се потрудија да не обесхрабрат, џабе ви е, а овие моите им викаат, џабе ви е вас шо мислите дека ќе не убедите дека ни е џабе. Тука заврши муабетот“, велат учесниците во акцијата.

Следната недела пак тука ќе работат. Ќе им требаат повеќе од 60 луѓе, камион од Комуналец, а апелираат да се стават и корпи за отпадоци на 30 метри за да не се повтори старата слика.54519193 10157105774139776 7658484686624129024 n

54521312 10157106536359776 8102138551849713664 n

54516265 10157105774404776 7213630051621797888 n

54727460 10157106535044776 249673995174019072 n

54525216 10157105774839776 8730588981328084992 n

54525949 10157106535329776 4125840056638242816 n

55627811 10157105774214776 794133023464357888 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани