Немој ќе се јавиме во „Апла“

Март 30, 2019

Во најновиот број на  магазинот за хумор и забава „Без навреда“ , уредникот Панде Димитровски низ хумор го напиша своето лично видување за влијанието на порталот „Апла.мк“ врз битолското секојдневие. Под наслов „Апла“, Димитровски пишува:

 

-Пред 40 и кусур години во времето на Југославија, хит беше да се слуша водителот  на Радио Белград- Ѓоко Вештица. Тој беше омилен меѓу белграѓани затоа што во својата утринска програма редовно ги решаваше сите комунални проблеми на своите сограѓани. Така се прочу низ Белград  дека ако нешто на некому му пречи и не може по редовен пат да ја заврши работата во некоја  институција, ќе речел: немој ќе се јавам кај Ѓоко. И за чудо проблемот за рекордно време ќе бил решен.

-Во Битола улогата  на Ѓоко ја презеде порталот „Апла“.

-Се поправи шахтата на „Ленинова“. Синџирот кај пазарот. Бистите на спомениците , жици низ градот и безброј  други работи.

Доволно „Апла“ да објави за проблемот и во рекордно време проблемот ќе биде решен.

-Сега битолчани  се’ повеќе се закануваат : Немој ќе се јавиме во „Апла“.

-Е, па, колешки –сами си го баравте!

Инаку најновиот број на магазинот „Без навреда“, битолчани ќе го добијат на 1-ви април, и тоа вистински како што вели Димитровски, не на шега иако е денот na лагата. 

ap

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани