2win800x200

ФК „Преспа“ слави сто години, а пари за опстанок има се помалку

Април 09, 2019

Годинава се одбележуваат сто години од постоењето на Фудбалскиот клуб „Преспа“, единствениот фудбалскиот клуб кој што и покрај сите подеми и падови успеал непрекинато да опстои под истото име.

Овие сто години историја, од клубот велат дека се преплетени со многу спомени, генерации младинци, фудбалски ентузијасти и многу љубов кон ,,најважната споредна работа на светот„.

 

Првите иницијатори за заживување на фудбалската игра во Ресен биле занаетчии, трговци, учители дојдени од поголемите градови на некогашна Југославија, офицери и ресенски студенти кои се школувале во европските метрополи: Прага, Виена, Грац, Атина, Софија.....Ова го потврдуваат и записите за првите играчи и преставници на управата на ФК Преспа: Славејко Татарчев ( апсолвент на Правниот факултет во Белград), Кице Миљовски, фотограф кој својот занает го учел во Париз, Милан Марковски-Учителот, Александар Кидишевиќ учител кој од Белград дошол во Ресен во 1918 година, Арсение Стоилковиќ –учител од Ниш, Александар Подгоев –руски емигрант, Стево Чаушевски, Борис Бакал...56487447 341742709803809 2229063480885903360 n

Првиот натпревар се одиграл на 12 јули 1919 година, на Петровден, на ледината зад ресенскиот Сарај на Нијази беј, а за противник ФК Преспа го има тимот на воениот гарнизон сместен во Ресен. Завршува со победа од 2:0 за ФК Преспа која настапила во црвени дресови. Оттогаш како традиција сите главни мечеви со тимови од соседните градови се одигрувале баш на овој верски празник, со топка од внатрешна гума која ја донел учител од Белград.

Како што растел бројот на екипите низ Македонија, така растела потребата од терен каде стандардно ќе игра екипата на ФК Преспа. Тоа била ливада која ја рамнеле и граделе љубители-навивачи на Преспа. И тој процес траел цели 40 години. Дури во 1994-95 година се финализираше тој процес на постапно градење до еден пристоен терен со сите потребни простории.

Низ годините ФК Преспа се соочуваше со многу проблеми, посебно од финансиска природа. Финансиското слабеење на општината директно се одразуваше на работењето на клубот, пад на квалитетот на играчкиот потенцијал на екипата и селење на ФК Преспа во понизок ранг на лига ( од Прва македонска лига до Општинска лига). Љубителите и бројните фудбалски ентузијасти секогаш наоѓаа начин за спасување на миленикот на генерации млади и стари, меѓутоа последните неколку години сериозно е тешко изнаоѓањето на финансиски средства за опстанокот на клубот. Ресенчани сметаат дека јубилејот сто години од формирањето на клубот, цел еден век историја, е момент кога треба сите да подразмислиме за иднината на ФК Преспа, клубот кој што на земјава ѝ подари играчи од рангот на Ѓоко Хаџиевски, Петар Шулинчевски, Наум Бутевски и други.fk Prespa 1

Фото од интернет 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани