2win800x200

Проектот „Математика за мали“ преку поинаков пристап ги учи децата да ја сакаат математиката од најрана возраст

Април 11, 2019

Резултатите од проектот „Математика за мали“ наменет за децата од предучилишна возраст и учениците до трето одделение покажуваат дека децата не само што    учат и ги развиваат математичките и логичките вештини, туку и се забавуваат.

Методот на учење на предемтотот математика преку истражување резултира како позитивен модел и децата учат многу работи поврзани со математиката, но и со секојдневниот живот. Во рамките на опсервацијата е констатирано дека математиката со размислување во почетните одделенија, има позитивни ефекти во наставата по математика во првиот циклус од основното образование.

Проектот, кој е поддржан од Еразмус+ програмата, исто така, предизвика голем интерес и кај наставниците, професорите и студентите на Педагошкиот факултет. 

Претставници од партнерските организации од Германија, Италија, Шпанија, како и од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и Центарот за доживотно учење кои ги реализираат активностите во нашата држава, ги презентираа резултатите и во Општина Битола. .

Градоначалничката Наташа Петровска ги поздрави ваквите иновативни активности на полето на математиката, особено кај популацијата која стартува во образовниот процес и кои токму во тој период од своето образование, ја креираат љубовта кон математиката. Петровска посака уште многу вакви проекти, преку кои се развива креативната мисла и љубовта на децата кон техничките науки, вклучувајќи ја и математиката.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани