2win800x200

Техничкото училиште од Битола го оправда грантот од Фондот за иновации

Април 17, 2019

 Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола денеска го презентираше проектот "3Д технологиите, предизвик на денешницата и неопходност на иднината" за кој доби грант од 250 илјади денари од Фондот за иновации и технолошки развој. Седум ученици од ова средно училиште под менторство на професорот Илче Ацевски конструираа два 3Д скенери кои што работат на различен принцип. 

-Со овај проект беа предвидени да се конструираат два 3Д скенери кои што ќе работат на различен принцип. Требаше да се постави некој хипотеза односно претпоставка, ние претпоставивме дека со едниот 3Д скенер што ќе го конструираат учениците  ќе излезат подобри 3Д модели отколку со другиот 3Д скенер, рече професорот Илче Ацевски, координатор на проектот.

tehnicko201.png

Од стотина апликации кои учествувале на повикот на Фондот за иновации само 20 училишта од државата добиле грант, а   меѓу нив и Техничкото училиште од Битола.

tehnick2

-Горди сме што финализиравме еден навистина успешен проект со кој што новите светски трендови ги имплементиравме во нашето училиште и што 3Д технологијата им ја доближивме на нашите ученици. Техничкото училиште од секогаш било расадник на квалитетни ученици кои веднаш по завршувањето на образованието се спремни да конкурираат на пазарот на трудот или да се надградат на некои од високообразовните онституции во државата. Би апелирал до МОН и до локалната самоуправа конечно да почнат да го вреднуваат трудот на наставникот и на учениците и да издвојат наменски средства за модернизација на училиштата како и за развој на креативноста на младите луѓе. Мора да најдeме начин нашите квалитетни кадри да ни останат во државата. Велат иднината им останува на младите. Ако е така да направиме се да им создадеме услови на младите да останат овде бидејќи без нив немаме иднина. Нашите ученици секојдневно бележат забележителни резултати на сите регионални и државни натпревари со што го оправдуваат нашиот примат на водечко училиште во југозападниот регион. Воедно ги повикувам сите основци кои имаат афинитет кон техниката да го изберат нашето училиште во кое ќе го оформат своето средно образование и ќе се стекнат со практично применливи знаења., рече Владимир Роме, директор на СОТУ " Ѓорѓи Наумов" -Битола

tehnicko3

Проектот денеска беше  презентиран и  пред директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски.

received 411182699712766

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани