2win800x200

Со марш за Смилево, низ магла и дожд, одбележан Денот на полицијата

Мај 05, 2019

Лошото време пропратено со студ, магла и дожд не ги поколеба планинарите од Полициско- спортскиот планинарски клуб „7-ми Мај“ да го изодат осмиот традиционален планинарски марш „Смилево 2019“. Движејќи се по патеките по кои некогаш и војводите со комитите пристигнале во Смилево на познатиот Смилевски конгрес во 103 година, планинарите го одбележаа 7-ми мај, Денот на полицијата.

Четириесетина планинари, од кои дел работниот век го минуваат или го поминале во полиција пеш изодеа 18 километри на релација Битола, превој Ѓавато, планински врв Пирамида па се до село Смилево.
Од страна на организаторот обезбеден им е ручек во село Смилево.

Седми мај се слави како Ден на полицијата зашто на овој ден на Смилевскиот конгрес во 1903 година биле формирани и првите полициски чети за обезбедување конгресот.

.59347597 320019145356588 1186055631107260416 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани