Street gif

Ученици од Битола заедно со професорките Јасмина Василевска и Емилија Прчкова во Хрватска се едуцираа како да се подигне еколошката свест кај младите

Мај 07, 2019

Од 24.04.-01.05.2019 година, Невладината организација „СФЕРА Македонија“, со свои претставници беше учесник на младинска размена поддржана од Erasmus +, во Вели Лошињ - Хрватска. 13 ученици од Битола, заедно со професорките Јасмина Василевска и Емилија Прчкова, беа дел од активностите од проектот “Living sustainably“, заедно со млади од Словенија, Унгарија и Хрватска.

Проектот опфати работилници, презентации, дебати и практични изведби на терен, реализирани со одлична комуникација и многу дружење помеѓу учесниците. Целта на проектот беше да се подигне еколошката свест кај младите, но и да се запознаат со нови култури, да станат свесни за општествено важни теми и да ги зајакнат сопствените човечки вредности.

jas 3

jas 2

jas 1

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани