Лути пиперчиња за несовесните учесници во сообраќајот, а брошеви за совесните

Мај 11, 2019

Лути пиперчиња за несовесните возачи и пешаци, а брошови за совесните делеа денес во Битола полицајците во придружба на ученички сообраќајни единици. Вака на симболичен начин во Битола беше одбележан Денот на сообраќајната култура од страна на СВР, Општинскиот совет за безбедност на патиштата и со клубовите на моторџии. Лутите пиперчиња и брошевите беа донација од мото клубот ,,Ѓорги Стефановски” и претседателот Даниел Ивановски.

 

„Како најчести прекршоци во сообраќајот од страна на пешаците се непочитување на пешачкиот премин, од страна на возачите неприлагодена брзина, користење на мобилни телефони додека возат, некористење на сигурносен појас, технички неисправни возила, непродолжена важност на возачката дозвола“, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

 Сепак, таа нагласи дека во последно време намален е бројот на жртви во сообраќајќите, а бројот на несреќи со тешки телесни повреди е во намалување.
 
 „Да ја поткрениме културата и совеста во сообраќајот. Од конзулски град во Битола, културата ни е на многу ниско ниво. Време е да се свестиме сите и да им покажеме пример во Македонија ова лето да бидеме град без сообраќајни незгоди, жртви и телесно повредни лица“, рече Сашо Гилевски, началник на Отсекот за превенција при СВР.  
 
„Пешаците се најранливата категорија токму во вечерните часови поради неосветлените пешачки премини. Па, поставивме дизајнерски пешачки премин за да посветиме повеќе внимание на сообраќајната инфраструктура. И пешаците во голема мера не ги почитуваат правилата. Имаат право на првенство на минување, но не на неприкосновено“, рече Јасмина Буневска Талевска, претседател на Општински совет за безбедност на патиштата.

Во однос на инфраструктурните решенија во Битола таа рече дека проблемите се таложени со години и се резултат на едни стихијни, парцијални решенија кои во преден план ја ставале повеќе политиката отколку праксата.

„Време е во Битола зборот сообраќај да се замени со мобилност. Одржливо управување со градовите и секој да почне од себе од своето дом, работно место. Ние ги претворивме зоните за домување во паркиралишта, а не во зони за играње деца“, рече Буневска Талевска.

Кон акцијата се приклучија и мото клубовите со цел да се упати порака за безбедно учество во сообраќајот, а посебно за носење кацига.

„Лутите пиперчиња ги даваме за несовесни возачи да им залути да видат како е. Има и проблеми кај моторџиите и несовесни граѓани кои не нѐ сметаат како да не сме дел од сообраќајот“, рече Ромео Јовановски од Мото клуб „Конзули“.59844010 423413681811043 1216566760950464512 n

59874458 438894640209440 8607076351939182592 n

60127446 453161175439082 1138768406250520576 n

60213070 2180642825580507 3646279831026401280 n

59911220 1093481121040708 309938077168566272 n

59963187 207478143468580 5474799875977641984 n

60054322 1528993353899999 2507982363644919808 n

60317277 414085422745253 5012872196217896960 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани