НА ДЕНЕШЕН ДЕН 7 ноември /25 октомври-по стар календар/ 1917 година,

Ноември 06, 2017

Владимир Илич Ленин ги повел своите револуционерни работнички сили кон Петроград.

Имено, на седницата на ЦК на Болшевичката партија одржана на 23 октомври (5 ноември) била донесена одлука да се крене востание на денот на отворањето на Вториот серуски конгрес на советите.

Во ноќта меѓу 6 и 7 ноември, пред конечниот напад на Зимскиот дворец, болшевиците ги зазеле владините објекти со мал отпор. На 7 ноември започнал нападот на Зимскиот дворец кој бил заземан околу 2 часот наутро.

Наредниот ден бил отворен Вториот конгрес на Советите, кој усвоил декрет за заземање на власта од страна на работниците, војниците и селаните и избрал Совет на народни комесари како основа за новата советска влада. Веднаш биле усвоени Декрет за мир и Декрет за земјата.

Српот и чеканот го претставувале сојузот помеѓу селаните и работниците, па овој симбол бил ставен на официјалното знаме на земјата.

По крајот на Октомвриската револуција започнала Руската граѓанска војна, во која Белата армија помогната од европските капиталистички држави, од САД и Јапонија безуспешно во тек на неколку години се обидувале да ја уништат првата работничка Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република (РСФСР).

                                                                                                                                                                                                                                                 Подготвил: д-р Александар Литовски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани