Јасмина Гулевска-Аирлија да е пречистителна станица во село Добрушево!

Мај 17, 2019

Канализациона мрежа со пречистителна станица ќе се гради во селото Добрушево, Општина Могила.

Министерството за животна средина и Општина Могила потпишаа договор за доделување на средства  за проектот „Канализациона мрежа со пречистителна станица“ со вкупна вредност од  6 896 865 денари.

-Договорените страни се согласни финансиските средства кои се доделуваат од страна на Министерството за животна средина за реализација на проектот да изнесуваат 4 800 000 денари со вклучен 18 проценти ДДВ или 70 проценти од вкупната вредност на проектот.  Сите дополнителни и непредвидени работи кои ќе произлезат од реализацијата на проектот да ги финансира корисникот од свои средства или да обезбеди дополнителни, стои во договорот.

Веста за добиениот проект ја сподели градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.

-Пречистителна станица во с.Добрушево! Ветувањата станаа реалност!
Аирлија да е!, напиша на својот Фејсбук профил Гулевска.  

Инаку проектот  е добиен врз основа на Конкурс за распределување  на средства за финансирање и реализирање на програми , проекти и други активности од областа на животната средина за 2019 година.

stanica

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани