Парк за лица со попреченост во Битола и Адреналински парк на Пелистер-проекти на Пелагонискиот плански регион

Мај 28, 2019

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги потпиша договорите за реализација на два нови проекти-Парк за деца и лица со посебни потреби и слепи лица во Битола и Адреналински парк на Пелистер.

Со овие два проекта ЦРППР аплицираше на двата повици во рамките на грантовата шема на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” имплементиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, кои ја обезбедуваат и финансиската конструкција од 139 илјади швајцарски франци за реализација на овие два проекта

cppr2

Главна цел на изградбата на паркот за деца, лица со посебни потреби и слепи лица е создавање улсови за социјална инклузија на децата и лицата со посебни потреби, преку изградба на наменска инфраструктура. Ќе биде изграден парк со специјални, сертифицирани и произведени според современи стандарди реквизити кои ќе ги користат социјално и здравствено загрозените категории граѓани, што ќе создаде можност за нивна рекреација на отворено и социјализација

park za lica poprecenost

Изградбата на Адреналинскиот парк на Пелистер, ќе значи максимално искористување на авантуристичкиот потенцијал, а еден сегмент е поврзан со адреналинскиот туризам. Со изградбата на овој парк на Пелистер со адреналински содржини за деца и возрасни ќе се збогати туристичката понуда на регионот и пошироко.

adrenalinski

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани