2win800x200

Златна матура за златната генерација 1968/1969 од Долната гимназија „Браќа Миладиновци“-Битола

Мај 30, 2019

Златна матура славеше генерацијата 19 68/69 година, од таканаречената Долната гимназија „Браќа Миладиновци“- Битола, која повеќе и не постои. Пред пет децении матура  од оваа генерација славеле околу 180 ученици.

 -Се собравме 66 матуранти, доста многу со оглед дека наближуваме до 70 години!, вели славеникот Владо Стојанов.

 За прославата во Битола дојдоа и славеници кои одамна се иселени во дијаспората.

Стојанов вели дека добар дел од неговите некогашни соученици завршиле  факултети. Па од оваа генерација има доста познати личности, особено лекари, специјалисти, познати на битолската јавност, како  Рашко Наковски уролог и  Нико Јанков ортопед од Битолската болница. Потоа Драган Андрески, генерал, војни аташе долги години во Турција и други  битолчани кои се докажале во своите професии.

matura 2

matura 3

matura 4

mat 2

mat 1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани