2win800x200

Двете мерни станици во Битола не мерат ПМ 10 честички во воздухот

Јуни 17, 2019

Не работат двете мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот во Битола кои се во наделжност на Министерството за животна средина. Од граѓанската платформа „Земи здив“ реагираат дека мерната станица Битола 1 (се наоѓа на излезот на Битола кон Новаци) од вчера од 18 часот престана да ги прикажува вредностите на измерените ПМ 10 честички. Другата мерна станица Битола 2 која се наоѓа во центарот на градот не мери суспендирани честичики веќе три месеци.

 

„Државната мерна станица Битола 1 е надвор од употреба и се надевам дека во најбрз можен рок ќе биде повторно ставена во функција и граѓаните на Битола ќе имаат увид во аерозагадувањето. Во отсуство на двете државни мерни станици Битола 1 и Битола 2, мрежата на платформата Земи здив е единствениот извор на информации за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола. Алармиравме пред некој ден кога имаше нагло зголемување на вредностите и дека една од можните причини може да биде дефект на инструментите за мерење, бидејќи на 18.03.2019 година имавме слична ситуација со мерната станица Битола 2 пред да ја исклучат од мрежата“, реагираат од „Земи здив“.

Тие се надеваат дека ќе добијат одговор од Министерството за животна средина за причините поради кои Битола 1 прекина да ги прикажува податоците на веб порталот.

Во однос на мерната станица Битола 2 која не покажува податоци за ПМ 10 честички од 18 март годинава, „Земи здив“ искористувајќи го правото за слободен пристап до информации поднеле барање да им се одговори која е причината за настанатата ситуација. Одговор од ресорното Министерство добиле во мај дека станува збор за комплексен дефект на инструментот за мерење кој ќе биде пратен на поправка кај производителот на опремата. Во одговорот пишува дека биле остварени контакти со производителот и добавувачот на опремата, па по сервисирањето и калибрирањето на инструментот тој ќе се врати во мерната станица. Нема одговор кога тоа ќе биде направено.

Платформата „Земи здив“ овзоможува да се следи квалитетот на воздухот преку мрежата од седум сензори на различни мерни локации во градот Битола.


Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани