2win800x200

Општина Новаци е дел од „Градината на мирот“ во збратимената општина Коломбел во Франција

Јуни 22, 2019

На покана на градоначалникот Марк Потје од збратимената општина Коломбел од Р.Франција, делегација од Oпштина Новаци предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски и ученици од ООУ „Славко Лумбарковски“  престојуваше  во официјална посета на општина Коломбел.

Соработката со општина Коломбел трае веќе неколку години и е во духот на развојот и унапредувањето на меморијалниот туризам од Прва и Втора светска војна , проект на кои работат двете општини. Плод од меѓусебната соработка е подигнувањето на спомениците во знак на сеќавање и почит кон загинатите војници и цивили од Првата светска војна во с.Брод , општина Новаци и во паркот во општина Коломбел.
Градоначалникот Кузманоски имаше свое обраќање на свечената седница на која присуствуваа делегации од Нигер и Штајнхем од Р.Германија нагласувајќи ја важноста од меѓусебната соработка која во иднина ќе се продлабочува и интензивира. На  инагурацијата на „Градината на мирот“ четворицата градоначалници положија свежо свеќе пред споменикот на загинатите од Првата светска војна и свечено ја отворија „Градината на мирот“ каде симболично секој градоначалник стави земја понесена од својата држава врз засадено дрво. 
Во „Градината на мирот“ беа распоредени и рачно изработените предмети од страна на учениците од основното училиште каде заедно со своите врсници од Коломбел засадија цвеќиња.
Градоначалникот Кузманоски ја посети фабриката за рециклирање на отпад Syvedac и оствари средба со одговорното лице со цел воспоставување на идна соработка .Го посети и делот во фабриката за енергетска валоризација на отпад.
На педагошката посета на изложбата во врска со заштита на животната средина се разговараше за заеднички проект за соработка -поставување на паноа на тема заштита на животната средина низ Мариово.
Во текот на официјалната посета Градоначалникот Кузманоски оствари средба со амбасадорката на Република Северна Македонија во Р.Франција  Јадранка Чаушевска Димов потенцирајќи ја важноста од меѓусебната соработка меѓу двете општини во делот на меморијалниот туризам и градењето на мостови на пријателство помеѓу нациите, како и подготвеноста на Франција да продолжи да ги охрабрува активностите во насока на целосно евроатланско и европско интегрирање на Република Северна Македонија.

n 3

n 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани