2win800x200

„Битола отворен град“ слави полнолетство со концерт на „Психомодо поп“

Јуни 25, 2019

Балканската рок легенда „Психомодо поп“ ќе го има првиот настап во Битола на концертот во недела во рамки на фестивалот „Битола отворен град“ во организација на Младинскиот културен центар од Битола. Ова ретко музичко уживање битолчани, а и другите посетители ќе имаат можност да го доживеат со почеток од 21 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола. Харизматичниот фронтмен Давор Гобац ќе ги испее незаборавните хитови "Ја волим само себе", "Секси магазин", "Фрида", "Рамона", "Кад сам имао 16", песни кои ги пеат различни генерации веќе 35 години.

65565448 2313907302198224 5921091061576368128 n

(Фото: Директорот на МКЦ, Сашо Додовски на вчерашната неформална дружба им се заблагодари на новинарите за текстовите објавени за фестивалот во изминатите 18 години )  

„Се работи за долгогодишна кариера на еден многу познат бенд на кој му ги пееме песните, но до сега немале прилика да настапат во живо во Битола затоа сме горди што успевме да ги донесиме како големо име од балканските простори. Ова им е единствен концерт во Македонија годинава. Ги контактиравме неколку години, прво беа прескапи, па многу зафатени и оваа година уште во февруари го резервираме терминот. Во сабота свират Бања Лука, а во недела настапуваат кај нас“, рече Златко Талевски, извршен директор во МКЦ.64874869 2313907415531546 6802098762199072768 n

Како поддршка на „Писхомодо поп“ на концертот ќе настапат и бендовите „Ласт експедишн“, еден од легендите на македонскиот рокенрол, музичари кои се обидинија по неколку години и имаат нов материјал, како и новосадскиот панк квартет Дивље свиње кој носи еден охрабрувачки звук што испорачува канонада од панк енергија, многу слична на онаа која е креирана од првата генерација на светски панк артисти.

Инаку фестивалот започнува оваа среда во 11 часот со Креативна работилница и меѓународна изложба на дописна уметничка кореспонденција "500 години од раѓањето на големиот научник и астроном ГАЛИЛЕО" во Паркот кај Јени Џамија. Културното инјектирање со Битола отворен град ќе трае до недела. Предвидени се изложби, кративни работилници, перформаци, концери и промоции.

Среда 26 јуни 2019

11.00 – 14.00 Креативна работилница и меѓународна изложба на дописна уметничка кореспонденција

"500 години од раѓањето на големиот научник и астроном ГАЛИЛЕО"

Локација: Парк кај Јени Џамија

Четврток 27 јуни 2019

21.00 часот Меѓународна изложба УРБАН ФОТО САЛОН

21.00 часот Мултимедијален настан "Урбана Литература @lo-fi"

Автор: Марјан Георгиевски

Локација: Летна сцена на МКЦ - Битола  

Урбано книжевно патување со автори од цел регион спакован во lo-fi звук.

Петок 28 јуни 2019

22.00 часот Свирка на Скејт парк

Паркети, HNC и Sound Waves

Локација: Скејт парк, Градско шеталиште Битола

Сабота 29 јуни 2019

20.00 часот  Живи библиотеки

Локација: Културен центар Магаза

.Недела 30 јуни 2019

21.00 – 01.00 часот  Музички концерт

Психомодо Поп, Ласт Експедишн и Дивље Свиње

Локација: Плоштад Гоце Делчев

„За 18 години во теорија можете да го пропешачите светот 2 пати,

да одгледате 4 Олимпијади и Светски првенства, да отслушате 3 милиони песни .....или да ја промените музичката култура на Битола, засекогаш, велат од МКЦ Битола.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани