2win800x200

„Битола во боја“

Јуни 30, 2019

Медиа/Арт клубот- Битола на Младински образовен форум, на Градското шеталиште го организираа завршниот настан “Битола во боја”.

Изложбата се организира со цел да им се прикаже на граѓаните на Битола дека постојат доволен број на настани во градот кои ја опфаќаат младата популација, само е потребна информираност околу истите.
Фотографиите се направени од членовите на Медиа/Арт клубот од различни културни настани кои се одржуваат во Битола.

 

-Медиа Арт клубот – Битола, е место за млади луѓе кои сакаат креативно да ги изразат своите ставови и идеи. Младите членови добиваат можност да научат како да снимаат видеа и аудио прилози, да создадат фото приказна, да научат за перформативна и урбана уметност итн. Предавањата во Медиа/Арт клубот ги држат млади луѓе со искуство во различните модули. Во моментов постојат пет клубови во Македонија и тоа во Скопје, Битола, Тетово, Велес и Куманово кои активно работат на создавање креативни и интересни содржини на општествено релевантни теми кои се од интерес на самите членови,вели Мила Најденовска,  Локален координатор на МОФ Центар Битола.

111

222

333

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани