СЕГАШНАТА ВЛАСТ ЕНТЕРИЕРНО ЌЕ ГО УРЕДИ „КИНО МАНАКИ'' КОЕ ГО ГРАДЕШЕ ПРЕТХОДНАТА

Јули 18, 2019

На вчерашната владина седница беше донесена одлука од државниот буџет да се издвојат средства за ентериерно уредување на „Кино Манаки“ во Битола. Тоа е киното што четири години го градеше претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а беше и едно од предизборните ветувања на екс градоначалникот Владимир Талески. Објектот се подигна на Широк Сокак на местото каде до 1939 година работело киното на браќата Манаки „Балкан“. За време на градбата, според тогашните изјави, се потрошија 700 000 евра за објект на два ката со сала за проекции која треба да има капацитет од 120 гледачи, но внатре објектот остана празен, иако според најавите требаше да биде готово до пролетта 2017 година.

 

Сегашната Влада вчера донесе одлука со која 117,5 милиони денари ќе бидат искористени за капитеани прокети во кутурата како што се реконструкција со доградба и надградба на конгресен центар Универзална сала - Скопје, изградба на Спомен обележјето на Тоше Проески, изградба на Дом на култура во Општина Боговиње, реконструкција и адаптација на културен центар „Шота“ с. Неготино, Општина Врапчиште, за ентериерно уредување на објект „Кино Манаки“ – Битола.

Битолските филмофили сметаат дека објектот треба да се доопреми и стави во функција зашто во спротивно ако не добие употребна вредност, а е во центраот на градот може да се руинира.

„Кога во Битола имаше осум кина, а денес само едно во Ценатрот за култура, оваа ќе биде придонес во фимската кутура на градот на првите сниматели на Баканот, градот каде се одржува и филмскиот фестивал ‘Браќа Манаки’. Со тоа ќе се развијат повеќе активности од доменот на филмот. Ќе биде мало кино, но сепак ќе има проекции, а според предвиденото, убаво е што ќе има и музејска постановка за животот, делата на Манаки и кинематографијата во Битола“, рече Стевче Хаџиантоновски, еден од иницијаторите за организирање на фестивалот „Браќа Манаки“.      

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани