2win800x200

За првпат имиња на Македонци од Првата светска војна испишани на споменик

Ноември 14, 2017

За првпат на меморијален споменик испишани се имиња на Македонци кои биле мобилизирани во туѓи војски за време на Првата светска војна и загинале на Македонскиот фронт. Станува збор за 32 имиња на Македонци изгравирани на Споменикот на Првата светска војна во Градина на мирот во Коломбел, Франција.

Меѓу нив е и името на војникот Петко Лисковски од село Добрушево на чиј гроб пишува дека служел во три војски и тоа, турска, српска и бугарска. Досега имињата на Македонците кои биле мобилизирани на фронтот најчесто се премолчуваа или не ретко беа запишувани како бугарски или српски војници бидејќи се бореле во нивните восјки. Во тој период не постоеле македонска држава, па овдешното население било мобилизирано од други војски.

99 годишнината од Денот на примирјето од Првата светска војна годинава се одбележува во спомен за загинатите борци, но и на страдањата на цивилното население на местата каде се протегале фронтовите. По тој повод деновиве во Коломбел во Франција беше открен Споменикот на Првата светска војна на кои се испишани имињата на загинатите од општините Штајнхем (Германија), Коломбел (Франција), Новаци (Македонија)  и Корнака (Нигер).

Градоначалниците на овие четири општини, меѓу кои и новачкиот Љубе Кузманоски присуствуваа на церемонијата во Градината на мирот. Тие ја изразија својата желба да го разгледаат минатото и загубите поврзани со конфликтите, за да им понудат на младите луѓе нов одраз на човештвото.

„ Овој споменик е само потсетник на разорните последици кои ги оставаат војните, затоа во иднина нека послужи како пример тоа да не се повтори.  Настанот беше во знак на помирувањето и нашата понатамошна соработка со останатите три општини, на размена на искуства и знаења и вложување во иднината на нашите деца“, рече Љубе Кузманоски , градоначалник на општина Новаци

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани