2win800x200

Ансамбли од Мексико до Индија на пат за Битола

Јули 22, 2019

Фотографии од прочуениот германскиот фотограф Курт Хејлшер направени во првата половина од минатиот век ќе бидат изложени на 49- то издание на Интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ што од 24 до 31 јули се одржува во Битола. Хејлшер на своето патување низ тогашното Кралство на СХС направил 1200 фотографии од кои избрал 191 слика за колекција со пејсажи, архитектура, носии и начин на живот во тоа време на овие простори. Направил посебен албум за фотографиите од Македонија, кои, покрај документарна имаат и уметничка вредност, бидејќи до израз доагаат носиите и амбиентот.

 

Фотографии за Македонија од Германецот Хејлшер

Дел од фотографиите на кои е документирано минатото на Македонија, гостите на „Илинденски денови“ ќе имаат можност да ги погледнат на фестивалот. Инаку, оваа неверојатна колекција била објавена во 1926 година во Берлин.67408946 431896090991492 4518537287402782720 n

Годинава фестивалот „Илинденски денови“ започнува исто така со изложба, на не помалку значајниот битолски ликовен уметник Панде Петровски. Оваа среда со почеток од 20 часот во Завод и музеј преку ретроспективна изложна на своите дела ќе одбележи 60 години творештво. Потоа, се продолжува со детски ликовни работилници, музичко сценска драма „Надеж“ на Маја Митровска инспирирана од македонскиот фолклор, па изложба на Абориџинска култура во соработка со Австралиската амбасада од Блеград.

Дефиле на песни и игри низ Широк Сокак

Во сабота во 18,30 часот со дефиле низ Широк Сокак започнува Републичкиот фестивал на народни игри и песни. На Ракометно игралиште ќе се одржи Вечер на тардиционална музика игра и ќе трае два дена со ред, а третиот ќе биде посветен на интернационална музка и игра. Ќе се одржи и Вокално инструменталната вечер „ Ехо од дамарите“ , како и Семинар за традиионалан музика и игра, фолклорни презентации во чаршијата, настап на интернационални ансамбли низ Широк Сокак и друго.

„Очекуваме над 1000 гости од земјава и целиот свет. Со најразлични манифестации ќе го одбележуваме фолклорот и ќе бидеме еден вид на крстосница на најразлични култури, а нашиот град ќе живее со звуците, песните и танците на најразлични народи кои ќе бидат дел од фестивалот“, рече Маја Андоновска Илијевски, директор на Центарот за култура кој по 49 пат го организира фестивалот.

На Фестивалот ќе учествуваат 30 фолклорни групи и ансамбли од нашата земја, Израел, Иднија, Италија, Белгија Русија и Мексико. Новина е фестивалскиот караван во кој се вклучуваат општините Новаци и Демир Хисар, па една од странските групи ќе им одржи целовечерен концерт. На тој начин фестивалот се шири и во околината. Ќе се одржи и ревија на традиционалан облека во соработка со Ансамбл „Македонија“.67371344 676198239513038 3050179563372937216 n

30 амсамбли од Јужна Америка до Азија

„Почитувајчќи ја традицијата и самиот стана тадиција. Веќе 49 години претставува столб на чување на автентичната, народната култура како во Македонија, така и во светот. Развивајќи се влезе на картата на светските фестивали и е единствен фестивал од земјва кој има сертификат од CIOFF. Сепак, не ги заборавивме автентичните вредности. Овој фестивал е фестивал на автентични изворни македонски вредности и на заедниците. Оваа година имаме 30 фолклорни групи и ансамбли од три континенти од светот Европа, Јужна Америка и Азија. Ќе ја пренесат пораката за мир, соживот и култура. Ова е пренесување на традицијата, зачувување на минатата во интерес на иднината“, рече Валентин Соклевски, стручен соработник.

Фестивалот завршува на 31 јули со концерт на вируозите Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ во Хераклеја со почеток во 20,30 часот.

Фестивалот е дел од годишната програма на Министерство за култура кое го поддржа со еден милион денари, а од Битфест добиваат 200 000 денари и 100 000 денари од годишната програма на култура на општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани