2win800x200

Споменик на коњ изработен од шрапнели од Првата светска војна поставен во Градешница

Август 02, 2019

Скулптура на коњ поставена е во мариовското село Градешница, а посветена на сите жртви од Првата светска војна. Споменикот е донација на уметникот и склулптор Златко Бојковски кој живее во Скопје, но роден е во  Градешница. Скулптурата е изработена за да се одбележат 100 годишнината од завршувањето на Првата светска војна. Бојковски ја изработувал три години од шрапнели од бомби кои ги собирал на Кајмакчалан и Добро Поле на местата каде се водел Солунскиот фронт. Откако го завршил делото, побарал да се постави во неговото родно село. Споменикот беше откриен денес во присуство на градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски.

 

„Овој споменик ја симболизира победата на животот над смртта по многу години војна и жртви. Симболизирајќи го новиот живот, иако е изработена од материјали што служеле за убивање, токму од тој материјал се раѓа и новиот живот“, истакна Кузманоски.

Споменикот ќе остане да ја краси Градешница, но и ќе сведочи за бурната историја на селото и околниот крај. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани