Се доградуваат и реконструираат три училишта во Општина Могила

Август 08, 2019

Нови фасади, замена на старите прозорци со ПВЦ дограма , нови подови, санитарни јазли, парно греење... Три училишта во Општина Могила во селата Добрушево, Радобор и Долна Чарлија ова лето се обновуваат.

-Пред прагот на новата учебна година во  три училишта во Општина Могила интензивно се работи, се доградуваат и реконструираат со цел да се подобрат условите за учениците  и наставниците, вели градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска.

 

-Централно училиште во село Добрушево-

Во тек е изградбата на новата фасада на училиштето, сменета е нова ПВЦ  дограма и поставен е котел за  парно греење во училиштето.

-Подрачно училиште во село Радобор-

Предвидена и изведена санација на кровна конструкција и промена на кровен покривач, замена на стар под од штици со бетонска плоча со завршен слој од линолеум, санитарен јазол  во склоп на училиштето, спуштени плафони, нова пвц дограма со термопан стакла и санирање со пребојадисување на цела фасада на школото и изведба на комплетна електро-инсталација.

-Подрачно училиште во Долна Чарлија-

Нова дограма на дел од објектот, санација и пребојадисување на фасадата, нови санитарни јазли во објектот, санација на дел од кровот, изградба на бехатонска патека за пристап до школото и изведба на електро-инсталација.

Изведбата на овие активности ќе биде завршена до почетокот на учебната година, потврдуваат од Општина Могила.

68261964 2590075257892785 802005191711784960 n

68428868 644213919417707 9208935251613581312 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани