2win800x200

Спортската сала „Боро Чурлевски" се подготвува за првиот меѓународен натпревар во рамки на СЕХА лигата

Август 24, 2019

Спортската сала „Боро Чурлевски"во Битола  се подготвува за првиот меѓународен натпревар во рамки на СЕХА лигата во која на 4 септември во 20 и 45 часот ќе игра ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер".  

Комунални претпријатија од Битола и други градежни фирми работата на подобрување на условите и внатре и надвор околу Спортската сала, пред се во делото на осветлувањето и санацијата на паркингот.

 

Деновиве претставници на Европската ракометната  федерација извршиле инспекција и дале согласност РК „Еурофарм Пелистер" натпреварите во рамки на Лига на шампиони и СЕХА лига да ги игра во Битола.

Советникот во Советот на Општина Битола Борче Корлевски вчера објави фотографии од реконструираните тоалети,  новата опрема во салата, осветлениот паркинг и вели дека останува во понеделник да се подготви и семафорот.

Во истовреме завршена е реконструкцијата и обезбедени се високи стандарди во соблекувалните, просторот за одмор на ракометари и престој на ракометните судии, а поставено е и ново осветлување на теренот во салата. Деновиве привршува надворешното уредување на спортската сала, влезовите во салата како и влезот на големиот паркинг кој овие денови инфраструктурно се уредува и кој ќе овозможи непречено паркирање на возилата на публиката, како и посебните возила на гостите од странство.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани