Студ во Битола, дел од семејствата мрзнат без огрев иако ги платиле дрвата

Ноември 20, 2017

Продолжува агонијата на поголем број семејства од Битола кои иако ги платиле дрвата за огрев, шумските претпријатија  сѐ уште не им ги доставиле. Температурите во вечерните часови се спуштија под нулата, а на Пелистер веќе падна и снег што влијае во градот да се здражи постудено време. За жал, семејствата кои останаа без дрва, мораат да се снаоѓаат на други начини за да ги загреат домовите.  

 

-Во услови кога се очекуваат ниски температури, дрвата уште не се доставени. Моите родители платиле за дрва, а не ги добиле. Барам одговорност од надлежните и од институциите  зашто голем дел од граѓаните не ги добиле дрвата и не сме во ситуација кога можеме да ги повлечеме парите и да ја купиме истата кубикажа зашто дрвата се веќе поскапени- рече битолчанката Ивана Атанасовска.

Неофицијално, во Битола доцни испораката на 3,5 илјади метри кубни дрва за огрев од шумското претпријатие во Демир Хисар.

Од партијата „Левица“ побараа итно решавање на проблемот зашто дел од семејствата кои чекаат да им стигнат дрвата се повозрасни граѓани, дел болни, а некои и социјално загрозени.

-Во Битола има проблем со доставата на дрва. На многу семејства дрвата кои се платени не им се доставени, Левица смета дека тој проблем мора итно да се реши зашто зимата е веќе дојдена , а граѓаните без дрва нема на што да се греат. Овој проблем најчесто ги погодива социјално најзагрозените категории зашто одговорните треба да преземат соодветмни мерки за да се реши проблемот со доставата на дрва- рече Никола Славевски од „Левица“.

Нашата редакција досега во повеќе наврати се обиде да стапи во телефонски контакт со шумското претпријатие „Бигла“ од Демир Хисар. Но, не беше одговорено на нашите повици, освен минатиот понеделник кога ни рекоа дека заради временските услови е одложена доставата. Но, дека проблемот ќе се реши за три до четири дена. За жал, семејствата уште не ги добиле платените дрва.

Под нашите текстови што претходно ги објавиваме на оваа тема, добивме коментар од битолчани дека пред две години заради привилегиран однос на тогашно раководство на едно од шумските претпријатија кон одредена група сечачи, градските сечачи што Битола ја снабдуваа со дрва и сечеа по 50 000 метри кубни, пилите си ги оставија дома и побараа работа во „Кромбет и Шуберт“ и преку фирми во РЕК.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани