Исмаили во посета на институциите за култура бара пропусти од Министерството

Септември 14, 2019

Тешко е да се балансира со буџетот што го имаме зашто патувајќи низ Македонија слушам за успеси, но има и поплаки. Целата на посетата е да се увиди каде се направени пропусти и да не ни се повторуваат големите грешки од минатото, рече министерот за култура Хусни Исмаили кој денес ги посети установите од културата во Битола.

 

„Ги следиме и ги поддржуваме културните настани и институции во Битола, таа поддршка и понатаму ќе продолжи. Но, слушнав и за некои пропусти што се направиле од Министерството. Тоа беше и мојата цел на лице место да слушнам директно од луѓето од што се состојат тие проблеми и како да помогнеме за да не се повторуваат во иднина“, рече министерот.

Тој ја посети Универзитетската бибилотека „Св. Климент Охридски“ каде рече дека добил многу пријатен впечаток за објектот и вработените, начинот на работа и иновативните идеи.

„Од проектите што Министерството ги одобри за оваа година за првпат по долг период се санирани дел од магацинските простории, заменета е комплетната дограма, ќе биде заменет и подот. Ни вети дека следната година ќе имаме поголем буџет за библиотекарството како дејност“, рече директорот на Библиотеката Бојан Стефановски.min 23

Министерот Исмаили го пофали и Народниот театар за кој рече дека над 200 претстави во текот на една година е навистина импозантен успех, кинотечната дејност во Центарот за култура за која рече дека е етаблиран бренд, обновата на Јени џамија која е во завршна фаза и е надлежност на битолскиот Завод и музеј.

Проблеми рече дека има во Хераклеја зашто се уште нема пристапен пат до локалитетот и со реставрацијата во црквата во Курбиново.

„За Хераклеја нема пристапен пат кон локалитетот, што не можав да замислам за локалитет за кој сум слушнал многу одамна. Денес увидов дека има прокет да се поплочат тие 600 метри. Патот е основна работа за секој проект, без пристапен пат не е достапен и самиот објект колку и да го реновирате“, рече министерот.

-За црквата има некои проблеми, но инсистирав на лице место да ги видиме, какви се тие пречки и да ги поттурниме работите да излезат од корсокак ако се воопшто во него“, рече првиот човек на Министерството за култура.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани