2win800x200

ИСТЕТОВИРАВ ИМЕ НА ПЕСНА ОД МЛАДИ КОИ ПЕАТ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ ВО СВЕТОТ , РЕЧЕ ФАТИХ АКИН ВО БИТОЛА

Септември 17, 2019

Познатиот германски актер, режисер, сценарист до турско потекло Фатих Акин на денешната средба со филмофилите во Битола откри дека на својата лева рака има истетовирано име на тесна од тусрки хипхоп музичари во која се пее за неправдите во светот.

„Додека растев во ’80-ите во Германија почнуваше да се развива германскиот хип хоп и беше поангажиран, се зборуваше за политички теми, за насиството, за она што е важно во соседството, за проблемите на младите. Но, денешниот германски хип хоп е многу лош, зборува за некои многу тривијални работи што не се многу актуелни. Бев разочаран, тоа го слушаа и моите деца и воопшто не ми се допаѓаше. И токму во тој период видов дека во Турција се собрале 15 млади хип хоп артисти и направиле песна за сѐ она што е политички проблем во светот, од насилство врз жени, климатски промени, диктатури. Она што јас сакав да се случи во Германија, која е многу аполитична во моментов, видов дека се случи во Туција и бев многу горд“, рече Акин.

 

Тој изведбата на турските музичари ја споделил на социјалните мрежи. Потоа еден од музичарите, кој воедно бил и негов обожавател, му пишал дека е многу благодараен што толку познат актер ја споделил нивната песна.

„Јас му реков дека јас него треба да му се заблагодарам зашто ми даде надеж. Надеж во младите. Надеж во иднината. Учам од младите и тие ме инспирираат, не им испраќам јас нив порака туку тие мене. Па, името на песната го истетовирав на раката. Ме инспирираат млади кои трезвено размислуваат“, откри Акин.

Тој рече дека во неговите филмови се занимава со насилството, со општествените проблеми, со последиците од злото, со војните затоа што знае дека повеќето луѓе денес сакаат да заборават на минатото и само да прават пари.

Вчера публиката на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола имаше можност го види неговото најново филмско режисерско остварување „Златна ракавица“, каде кинематографер е неговиот близок соработник, извонредниот Рајнер Клаусман. Говорејќи за режисерската постапка во нивниот најнов филм „Златна ракавица“, Акин објасни дека филмот го снимал според романот. Инаку, настанот со серискиот убиец во Хамбург се случувал во соседството на Аким, а неговиот чичко му бил прв сосед на Франц Хонка. Рајнер и Класусман за 17 години имаат снимено 8 играни филмови како тандем, почнувајќи од „Солино“ во 2002, „Со глава низ ѕид“, „Работ на рајот“, „Соул кичен“, „Раз“, „Збогум Берлин“ и „Од никаде“.

(ИЗВОР СДК.МК.https://sdk.mk/index.php/kultura/istetovirav-ime-na-pesna-od-mladi-muzichari-shto-peat-za-problemite-vo-svetot-reche-rezhiserot-fatih-akin-vo-bitola/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани