2win800x200

Споменувањето на „Транспортер“ ја налути советничката Ангелевска па и се закани на власта

Септември 25, 2019

„Еден ден ќе одговарате за узурпираниот државен имот“. Вака на владеачкото мнозинство му се закани советничката Анита Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната 40 седница на Советот на општина Битола, на која единствена точка на дневен ред беше одлуката за утврдување соработка меѓу општините Битола и Демир Хисар, со која треба да се регулира училишниот превоз.

Овие закани на Ангелевска дојдоа откако во дискусијата за превозот и проблемите што ги создаде во училиштата претходната локална самоуправа, советникот Зоран Стојчевски, праша дали и оваа власт требаше да продолжи како оние за кои има и обвиненија во случајот „Транспортер“.

-Поради тие што го направија хаосот во превозот на ученици ние денес вадиме жешки костени и го решаваме проблемо. Има обвиненија против одредени личности во „Транспортер“, не обвинувам никого, можеби луѓето во тој момент не можеле да најдат решение и постапиле така како што постапиле, но поради тој превоз има и обвиненија. И сега ние се обидуваме да решиме одреден проблем, а овде се расправаме со часови. Согласно законот мора да има превоз и ние сме тие што мора да најдеме начин и да им обезбедиме превоз. Само критикувате, дајте предлог што да направиме. Дали треба да го продолжиме истото тоа што го правеше претходната власт, истите цени да ги примениме и да ги задолжиме училиштата уште 5 милиони евра?, праша Зоран Стојчевски, советник од СДСМ.

Жестокот регираше Ангелевска, која рече дека станува збор за политички монтиран процес од кој оваа власт треба да се срами.

-И натаму продолжувате и не се срамите да ги ставате на гилотина и предвреме да ги осудувате луѓето, а станува збор за политички монтиран процес, чиј што највисок патрон е во Шутка.после одењето во Шутка на Катица Јанева....рече Ангелевска, на што реагираше претседателот Валентин Груевски, советничката да дискутира по точката на дневен ред.

-Ќе се вратам на превозот , претседателе. Немате причина да се занимавте со тоа, треба само да се срамите. Конечно треба да ви проработи совеста, а за вулгарно узурпираниот државен имот еден ден ќе одговрате и многу јасно ви е за што зборувам, рече Ангелевска и додаде дека оваа одлука е чиста импровизација и кршење на законите.

Претходно советникот од ВМРО-ДПМНЕ Иванчо Тошевски ја обвини власта дека нема визија како да го реши училишниот превоз.

-Срамота е што после три години власт, немате визија на кој начин треба да се реши превозот на ученици, а како опозиција најмногу го критикувате. Сакам да ве прашам што се случува со учениците од Ресен, Крушево и другите околни општини кои патуваат до Битола и дали учениците од Демир Хисар имаат приоритет? Треба да ве потсетам дека не им се рефундирани средства на родителите за превозот во 2018 година, рече Тошевски

Советничката Емилија Костурска рече дека советниците од говрница не смеат да манипулираат со граѓаните и треба да зборуваат со факти.

-Дали имате податоци како е решен превозот во Ресен и Крушево? На ученицте им беа рефундирани средствата за релацијата Битола-Демир Хисар, а доцнењето беше поради претседателските избори, но тоа се случи после изборите. Апелирам до сите колеги советници, дека дигнитетот на оваа говорница го правиме ние. Максимално непочитување е кога од оваа говорница зборуваме без факти, манипулираме, измислуваме и упатуваме лични навреди. ВМРО-ДПМНЕ ја заглави општина Битола со 4,5 милиони евра. Овој долг, односно блокадата траеше долго време. Некои беа блокирани од 2011 некои од 2012 година. Таа блокада оваа локална самоуправа ја реши, тоа е факт. Ниту една општина не познава ваков проблем каков што имавме ние, блокирани 10 од вкупно 18 училишта, рече Костурска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани