Октомври 23, 2019

Webp.net gifmaker

Општина Битола го објави повикот за субвенции за инвертер клими

Септември 30, 2019

Општина Битола го објави повикот за надоместување на дел од трошоците на граѓаните кои ќе купат клима уредни инвертери за 2019 година. Целта е стимулирање на граѓаните да користат обновливи извори на енергеија за затоплување на своите домови кои минимално ги загадуваат почвата и воздухот и не влијаат врз климатските промени.

 

„Општина Битола ќе обезбеди поврат од дел од потрошените средства односно 30 проценти од вредноста на набавениот клима уред, а тоа да не е повеќе од 20 000 денари. Јавниот повок ќе трае почнувајќи од денес 30 септември се до 9.10.2019 година и е објавен на веб страната на Општина Битола и е истакната на огласната табла во Општината“, соопшти советничката Татјана Крчева.

Услов за учество на јавниот повик е купувачот да нема искоритено субевнција за истата оваа намена од било кој друг извор од Северна Македонија, а право на учество ќе имаат жителите на Општина Битола кои ќе набават клима уред во овој временски период додека трае јавниот повик и ќе ја достават потребната документација.

„Документацијата се состои од образец со барање во кој стои изјава дека барателот нема искоритено надомест за истата намена, фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциона сметка и оригиналната фискалан сметка или фактура со уплатница. Едно лице може да поднесе само едно барање. Бројот на корисниси кои ќе понедат барање е ограничен до предвидениот износ за оваа намена кој изнесува 2,5 милиони денари. Исплатата ќе се врши по редослед на поднесените барања до исцрпување на предвидените средства по принципот прв дојден прв услужен. За доделените средства јавнота ќе биде известена преку јавните гласила“, додаде Крчева.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани