Октомври 23, 2019

Webp.net gifmaker

Учениците креативци од ОУ Тодор Ангелевски вклучени во проектот дигитализација на наставата

Октомври 02, 2019

Во рамкитe на проектот ,,Училишта на 21 век” учениците од ОУ Тодор Ангелевски се вклучени во критичкото размислување и решавање на проблемите и примена на уредот Микро:бит. Практично го применуваат Микробитот со решавање на зададени задачи и проблеми. Kлубот за кодирање прави интересни  чекори со микробитот за што директно се одговорни наставниците Весна Гагаловска,  Слаѓана Бојаџиева и   Љупчо Божиновски.

њ7

Колку е температурата во просторијата, кој ќе истрча најбрзо сто метри за време на часот по физичко воспитување, полесен начин за фрлање на отпад и многу други идеи имаа денеска учениците од ОУ Тодор Ангелевски во  Kлубот за кодирање како дел од проектот„ Училиште на 21 век“.

-Овој проект беше обука на учениците за примена на Микробитот , чип уред којшто им овозможува на учениците да испрограмираат одредени блокови на компјутерот, потоа програмата да ја стават во самиот уред и уредот да го користат во секојдневниот живот, во играта во учењето во било кој предмет од наставата. Со ова кај децата се развива критичкото размислување, можноста за решавање на некои проблеми, изјави наставничката Весна Гагаловска. Според неа со активностите од проектот учениците ги развиваат дигиталните вештини за подоцна да се поконкурентни на пазарот на трудот.   

њ3

њ1

њ9

 

Слаѓана Бојаџиева, одделенски  наставник вели дека и помалите ученици се вклучени во микро;бит игрите кои пак се поврзани со букви, броеви, игри  со емоции каде децата преку нивните емоции ќе ги искажат сите чувства и љубов што ги имаат и ги  пренесуваат кон нивниот микро бит чип како главен пријател и помагател во наставата.

-Кај децата прво треба да се развива љубовта кон дигиталната писменост, овие деца се второ одделение но се надевам дека во погорните класови таа љубов кон дигитализацијата ќе се равива се повеќе и повеќе, рече Бојаџиева.

њ10

њ4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани