2win800x200

Загадувањето алармантно и околу некои градинки и училишта во Битола

Ноември 24, 2017

Горе од улицата „Прилепска“, долу до „Брегалничка“, десно од „Гоце Делчев“, а лево до „Наум Наумовски Борче“, овој своевиден правоаголник е означен како алармантен регион на мапата со идентификувани аерозагадувачи во Битола, изработена во рамки на проектот на Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола.  Во овој правоаголник има повеќе приватни објекти, односно домови кои се идентификувани и пријавени од граѓаните како загадувачи, еден објект за производство на храна и една фабрика. Загадувачите се евидентирани и со фотографии. За жал, во овој реон се наоѓа и училиштето „Даме Груев“ и градинката „Пролет“ каде секој ден престојуваат неколку стотици ученици.

Исто така има и неколку десетици приватни куќи каде живеат семејства.  

Запален отпад е регистриран во населбите Долно Оризари, Стрелиште, Баир, Карпош, Брусничка населба и на други места. Индивидуални куќи кои граѓаните забележале дека испуштаат големи облаци чад се евидентирани во Горно Оризари, Стрелиште, Ушици, Стрчин, Недопирливи, на улицата „Ѓорги Сугарев“, во близина на Хајдар Кади Џамија... Некои од објектите имаат импровизирани оџаци и чадот го испуштаат во прозорците или балконите на соседите.

Од јавни објекти се посочуваат еден на улчица „Раштанска“, извесен објект во близина на црквата „Света Недела“. Од објекти за храна има и угостителски објекти на Широк Сокак.

Смог е забележан кај Лавчанска населба, Булевар “Први Мај“, кај Јавор, Карпош и на патот кон Оризари.

Оваа мапа ја прави „Геосфера“ врз основа на пријавувања од страна на граѓани. Тие преку мобилна апликација доставуваат фотографија од загадувач до фејсбук група, каде стручни лица ги поставуваат загадувачите на мапата. Овие информации се доставуваат и до Општинскиот инпекторат за животна средина, кој понатаму ќе ја провери состојбата. Општина Битола потпиша меморандум за соработка со „Геосфера“ со цел да добива навремени информации за тоа каде има загадување и потоа да можат да проверат и  преземат мерки.20171124 232418

Ова е првпат на една обемна мапа со фотографија и адреса да бидат објавени згадувачи кои во моментот на фотографирањето со чад го загадувале воздухот.  

Воедно се врши и мерење на ПМ 10 и ПМ 2,5 честички. Според мерењата на десетти ноември годинава највисоки вредности биле регистрирани кај Девеани, Казак Чешма и Дрвен Пазар, а најниски во Брусничка населба, Стрелиште, Горно Оризари. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани