2win800x200

Со општински пари отворени три нови занимални во градинките во Битола

Ноември 11, 2019

Општината вложи над 820 000 денари во отворање на три занимални во три различни градинки при ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ во Битола. Со занимални се подновија градинките „Колибри“ во населба Стрелиште, „Вангел Мајоро“ во Кланица и „Росица“ во Буковски Ливади.

 

Занималните се комплетно опремени со потребниот инвентар од масички, креветчиња, столчиња, шкавчиња, теписи и послетлнина. Обезбеден е кадар од воспитувачи и негователи кои ќе работат со 75 дечиња, а можно е и до 90, за колку што ќе се намали листата на чекање за во градинка.grad f

„Покажуваме дека за она што го ветивме во намалување на бројот на незгрижени дечиња, кои години наназад сме го имале во нашата општина, го исполнуваме. Наша тенденција е во периодот кој што следува да се згрижат што повеќе деца. Имаме целосно зацртана траса како ќе се движиме, го имаме правиот пат. Во моментов се изготвува проектната документација за новата градинка во делот на Касарната и просториите кои ќе ги добиеме во Домот за доенчиња ќе бидат простории наменети за згрижување на деца во градинките“, рече градоначалничката Наташа Петровска.grad 3

grad 2

Во инвестицијата помогна и ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ обезбедувајќи дидактички материјали и играчки за сите девет градинки што се во нејзин склоп.

„По отворањето на фабриката Пролет 1 во село Кравари, денешниот ден е многу голем за нашата установа. Имајќи ја во предвид голема бројка на деца запишани на листа на чекање и фактичката состојба дека имаме три празни, нефункционлани занимални не знам од кои причини тоа било така до сега, се обратив до градоначалничката и веднаш несебично ја изрази својата поддршка за потребите на најмилите“, рече директорката Лидија Тфирст Митревска.

Во изминатите две години Општината во градинките на „Естреја Овадија Мара“ вложила над 8 милиони денари.grad

„Имајќи во превид во каква очајна состојба ги затекнавме, можам да кажам дека е фрапантно подобрена сликата. Променети се состојбите во толалетите, кровните конструкции, она што беше запоставувано со години. Промената сега е видлива. Има што да се работи уште, зашто со години овие објекти биле оставени на забот на времето“, рече Петровска.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани