Webp.net gifmaker

Ако одам во Битола, запеа Јелена Томашевиќ на среде Битола (видео)

Ноември 16, 2019

Вистински музички спектакл приреди балканската музичка ѕвезда на Фестивалот на музика од светот во Битола. Битолчани ги почести пеејќи ја песната ,,Ако одам во Битола", а потоа следеа ,,Јовано, Јованке", ,, Судбо клета", ,,Шекерна"" и други македонски и српски хитови. 

Томашевиќ заедно со публиката ја запеа и „Битола мој роден крај“, по што следеше долготраен аплауз за пејачката која вечерва имаше исклучителен концерт, во силна хармонија со битолскиот Камерен оркестар, но одлично ја следеа и битолчани во Големата сала на Центарот за култура. Српската поп ѕвезда, која успеа за само неколку часа да ги продаде картите за овој концерт кој е дел од Фествалот на „Музика на светот“, беше изненадена и не пропушти да каже дека Македонците се исклучително музикални.

-Многу сум среќна што сум вечерва во Битола, а ова е мој прв солистички концерт во вашиот град. Благодарам на директорката Маја Андоновска Илијевски што ме покани овде, благодарам на Камерниот орксестар и дирегентот Владимир Димовски, благодарност и за најмузикалната публика на светот која ме следи во точна интонација. Јас изминатите денови навистина уживав во вашиот град и на пробите и во обиколката. Она што можам да ви го кажам дека ве краси една гостољубивост што во денешно време ретко се среќава. Ветувам дека ќе с евратам пак наскоро, рече Томашевиќ.

Исто така, не прпушти да го спомене и Тоше, а се присети на нивната прва средба.

-Овде сме во градот каде живееше и се школуваше најдобриот пејач кој сме го имале, Тоше Проески. Ние се запознавме кога јас победив со песната „Јутро“ на Беовизија и така започна ашето пријателство. Тој ми честиташе на победата, а откако се случи несреќата, неговото семејство ми кажа дека постои снимка со песната „Јутро“ во негова изведба. Јас сакам да слушнам како звучи тоа и можеби можеме да снимиме некој глас преку таа снимка, додаде Томашевиќ вечерва на концертот.

На крајот од концеротот наречен „Океан“ по една од нејзините најпознати песни, Јелена Томашевиќ ги повика фотографите да ја сликаат со публиката, која заедно со неа ги пееше сите нејзини песни.

јелена

јелена 2

 (Фото Димитар Петковски) 

Редакција АПЛА

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани