2win800x200

ВО БИТОЛА БЕЛИ ЛЕНТИ ПРОТИВ ШЛЕПЕРИ

Ноември 30, 2017

Велосипедисти од иницијативата „Битола на точак“на плоштадот Магнолија со бели ленти обележаа простор колку што зафајќа еден шлепар и колку велосипеди можат да застанат на таа површина. Со лентите ги обележаа и мртвите агли кои возачите на тешките товарни возила не ги гледаат, па претставуваат опасни зони кога минуваат низ центарот на Битола.

Со ваквата симболика велосипедистите порачаа:  „Сакаме европски велеград, а не за шлепери автопат“.  

„Oбиколницата над Битола веќе година и половина е затворена, а за тоа време низ градот транзитираат тешки товарни возила, го отежнуваат и загрозуваат сообраќајот и го загадуваат воздухот. Решивме на симболичен начин да упатиме порака. Со малите ленти ги означивме мртвите агли, односно просторот што возачите на тешките товарни возила не го гледаат. Во нивна  непосредна близина може да се наоѓа велосипедист, пешак, дури и автомобил, а тие да не го видат. Тоа се зони на опасност“, рече Горан Стојановски од „Битола на точак“.

Инаку обиколницата над Битола по која треба да се движат тешки товарни возила кои транзитираат низ Битола, затворена е година и половина поради свлечишта.  Бидејќи нема друг пат, тешките товарни возила мора да се движат низ Битола и тоа најчесто низ централното градско подрачје.

Од претходната власт подолго време најавуваа дека проектот за санирање на свлечиштата на обиколницата е готов и ќе почне да се реализира, но наместо тоа, останаа сообраќајните знаци за забрането минување.  Со доаѓањето на новата локална власт, последните недели започна санација на одроните, па се очекуваше патот да биде наскоро ставен во функција.  Меѓутоа, деновиве се појави уште едно свлечиште. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани