Трибина против насилството и малолетничките бракови

Декември 03, 2019

Обемот на проблемот со насилството врз жените и девојчињата станува алармантен. Една од три жени во Европа е жртва на физичко или сексуално насилство. Речиси сите жртви на трговија со луѓе поради сексуална експлоатација во рамките на ЕУ се жени и девојчиња. Во земјите во развој едно од три девојчиња е во брак пред да наполни 18 години. Мора и кај нас во Македонија да нѐ загрижува тоа зашто постојат малолетнички бракови и се зголемува нивниот број, рече Фатма Бајрам Аземовска од „Сумнал“ -Здружение за развој на Ромската заедница во рамки на кампањата „16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“ која започна од 25.11.2019 година и трае до 10.12.2019 година.

 

По тој повод во Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола се одржа трибина со тема „Дали можеш да препознаеш родовото базирано насилство и улогата на различните општествени актери во превенцијата на насилството врз жените и девојчињата“.

-Имаме податоци кои неформално зборуваат за малолетнички бракови, пред се да напоменам за ромската популација дека има склучување на бракови меѓу малолетни лица и би сакал да имаме официјално истражување следната година за да постојат законски процедури, но и да се импелементираат. Ако знаеме дека има деца кои го напуштиле основаното училиште или не се вклучуваат во образованието, тогаш уште од основно училиште да можеме да реагираме, а не да скриеме податоци. Сега ги има, но официјална бројка немаме што не наведува на тоа дека треба многу повеќе да работиме на ова поле“, вели Бајрам Аземовска.

На трибината присуствуваа средношколци, но и студенти од Правниот факултет од Битола. Меѓу говорниците беше и професорката Ангелина Станојовска која за малолетничките бракови рече дека има закон за малолетници кои не наполнале 18 години, родителите да даваат согласност за бракот. Но, нормално треба и еманципација на родителите. Не секогаш родителите гледаат на тој малолетнички брак во кој стапува нивното дете како на нешто што не треба да се случува оти е малолетнички, додаде професорката.

На трибината учествуваше и заменик градоначалничката Емилија Костурска, воедно како претставник на Општинскиот совет за социјална заштита формиран минатата недела.tribina

(Фото: Трибината се одржа во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“) 

„Целта на Советот е предлагање и усвојување на програмата за социјална заштита во општината или попрецизно опфајќање на ранливите категории на социјална заштита за намалување на сиромаштијата, меѓутоа и надминување на социјалните ризици и намалување на социјалната исклученост на ранливиоте категории. Општинскиот совет има за задача да ја зајакне мрежата на услуги заедно со сите инстутуции, физички лица кои се добронамерни и имаат широко срце да помогнат во проблемите со кои се соочуваат социјалните катергории на граѓани“, рече Костурска.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани