Webp.net gifmaker

Битолската библиотека го одбележа патрониот празник со чествување на делото на Горан Стефановски

Декември 05, 2019

Со чествување на делото на Горан Стефановски, Универитетската библиотека во Битола „Св. Климент Охридски“ денеска го одбележа својот патрон празник. На неговото творештво се осрвна реномираниеот македонски поет, есеист, литературен критичар Раде Силјан, кој рече дека творештвото на Горан Стефановски е длабоко сраснато за македонската почва, преточено во  брилјантен драмски јазик кој комунцира на широки релации.

79302357 10157985253738679 3844043352517378048 o

-Со своето богато драмско творештво Горан Стефановски остави длабоки траги во целокупната македонска модерна литература. Тој создаде модел на драма која се засноваше врз традицијата. но со универзални пораки и токму затоа неговите дела беа прифатени и во нашата татковина, на  поранешните југословенски простори, како и во повеќе европски метрополи. Станува збор за личност која во македонската литература се наметна како оригинална појава, автономна личност во секој поглед, личност која и денска зрачи со силни пораки, рече Силјан

78656081 10157985248503679 6362396782281883648 o

Професорката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, д-р Весна Мојсова Чепишевска, своето излагање го нарече „Конзервирани импресии“

78256970 10157985253358679 621487153620189184 o

-Тие што го знаат творештвото на Горан Стефановски знаат дека се работи за неговата книга кратки есеи, некој хибрид жарн меѓу есеи и размислувања и мали раскази. Впрочем тие негови „Конзервирани импресии“ кај мене предизвикаа некои мои конзервирани импресии. Убав е поводот, се чествува едно големо име што го носи библиотеката во Битола, а од друга старана домаќините нашле убав начин да го поврзат патронот на библиотеката со големото име на маедонската драма, театар, книжевност, култура Горан Стефоновски, рече Мојсова Чепишевска.

78591468 10157985250878679 2867627591978713088 o

Доајенот на Битолскиот народен театар, Јоана Поповска,  изведе фрагменти од драмите на Горан Стефановски, а директорот на НУ УБ „Св. Климент Охридски“ во Битола, Бојан Стефановски се обрати пред присутните по повод патониот празник.

78425677 10157985254728679 5797546889947643904 o

-Искрено се радувам што оваа година ги споивме нашиот патрон празник и чествувањето на делото на Горан Стефановски што го направил за оваа држава, но и многу пошироко. Овој празник е уште еден мотив и понатаму успешно да работиме, рече Стефановски.

73495117 10157985253753679 5796098601205628928 o

По повод патронатот, беше промовиран Зборникот    на излагања од 14-та Роднокрајна средба со битолските писатели во Македонија, а списанието „Библиотечен тренд“ бр.48, го промовираше   д-р Николче Вељановски, библиотекар советник во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.

Одбележувањето на патрониот празник на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола започна вчера со поставување на изложба на тема „Нашите 365 денови...“ во рамките на која ќе бидат претставени плакати од сите културни активности и настани кои ја обележаа тековната година, како и статии од периодичните публикации во кои се опишани тие активности.

BIBLIOTEAKA1

Изложбата ја подготвија вработените од Одделението за комплетирање и обработка на библиотечен материјал (периодични публикации)

BIBLIOTEKA3

Богатата и разновидна дејност на Библиотеката пред битолската јавност и читателите ќе биде поставена во холот на Библиотеката до 10 декември 2019 година за достојно да ја претстави нејзината активна улога во збогатувањето на културниот живот на нашиот град.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани