Webp.net gifmaker

Гркот од САТ-МОДА избегал и им останал должен на вработените две плати

Декември 06, 2019
фотографиите до Апла.мк  ги испратија поранешни вработени во САТ-МОДА-Битола фотографиите до Апла.мк ги испратија поранешни вработени во САТ-МОДА-Битола

Грчкиот инвеститор  со текситилната фабрика САТ-МОДА во Битола во август годинава го прекинал производството и избегал, велат поранешни вработени за Апла.мк. Не само што без најава ставил клуч на фабриката туку на 150 вработени битолчани им останал должен две плати за месеците јули и август 2019. Вработените во САТ-МОДА и по неколку месеци немаат одговор што се случи во инвеститорот, кој во последниот период ангажирал лица да ги демонтираат машините од фабриката и тие да ги однесат.

-Не знаеме што се случи со фабриката. До 31 август 2019 работевме, и наеднаш се затвори. Газдата Ставрос Саитис  ни остана должен за две плати, јули и август, неисплатен ланскиот одмор како и К-15 за годинава. Оваа фабрика во Битола функционираше од 1994 година, таму беше нашата егзистенција, а еве сега останавме на улица, без пари со  долгови, велат сега поранешни вработени од фабриката САТ-МОДА. 

76747570 728658524295268 2207197016402952192 n

А.Б

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани