ЈЕЛЕНА ПЕТРОВСКА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВАРШАВА ЗА ЗАШТИТА НА РЕТКИ РАКОПИСИ

Декември 08, 2019

Јелена Петровска, библиотекар советник од Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола имаше несекојдневна можност да се запознае со најсовремени техники за заштита и конзервација на книги и ретки ракописи што се користат во Националната библиотека во Варшава, Полска. Таа беше учесник на Конференцијата на библиотечната унија на Кина и земјите од ЦИЕ и имаше можност да посети најсовремени лаборатории за заштита на ретките и стари ракописи, пренесува порталот СДК.МК

 

„Имавме прилика да ги видиме така наречените влажни процеси во конзервација, потоа хемиска лабораторија, дел за рачна и механизирана реставрација, просторија за стерилизација, различни видови на машини кои се користат за заштита на книгата, перење и сушење на книги и периодичен материјал“, вели Петровска.KONZERVATSIJA4

Во лабораторијата на Националната библиотека во Варшава го проследија и начинот на третирање на напишани споменици на културата на хартија и пергамент кој што беа во распаѓање,ракописи, стари печатени книги, документи, уметнички материјали...

„Проследивме и анализа на микроорганизми и нивното испитување кои беа пронајдени во одделни ракописи. Беа применети сите физичко-хемиски процеси што го продолжуваат животот на хартијата и пергаментот, кожните корици беа соодветно третирани и понатаму сместени во специјални кутии изработени од конзерваторите. Овие процеси подразбираа механичко чистење, миење, неутрализирање, засилување, отстранување на дамки и третирање со течен азот, кој понатаму на книгата останува во вид на бел прав и кој служи за конзервација“, додава Петровска.

Оваа Библиотека со својата техничка опременост и врвни експерти нуди сушење на замрзнати колекции, дезинфекција на колекциите со гас Ротанокс, заедно со проветрување, микробиолошко испитување и мерење на киселоста на хартијата...

Библиотеката поседува мошне богата колекција на стари ракописи и книги, инканабули, стари фотографии, мапи и друг историски важен книжен и не-книжен материјал на хартија и пергамент. Таа работи и на зачувување на сите поседи на старите и ретки книги на библиотеки и музеи низ целата држава заради фактот дека во Втората светска војна повеќе од 90% од библиотечната граѓа беше уништена, па државата реши крајно професионално да се однесува кон културно наследство.KONZERVATSIJA 5

„Во нашата држава НУ Националниот конзерваторски центар во Скопје се грижи за заштита на културно наследство на територија на целата држава. Дел од јавните библиотеки поседуваат помали одделенија за заштита на книгата, но тоа е само во оној дел на примарна заштита на книгата со лепење и помали интервенции“, вели Петровска.

https://sdk.mk/index.php/magazin/bitolskata-biblioteka-vo-varshava-uchi-kako-so-retki-tehniki-se-zashtituvaat-ushte-poretki-rakopisi/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани