Децата во посета на Полицијата, се запознаа со нивните опрема и возила

Декември 10, 2019

Во просториите на СВР Битола денеска беше одбележан Денот на превенцијата во полицијата 9 –ти декември. Во склоп на одбележувањето на дечињата од градинките, основните училишта, учениците од сообраќајните единици од основните и средните училишта, на претставниците од Црвениот Крст, Општината, невладините организации, Општинскиот и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, од страна на Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Битола, им беше презентирана дел од опремата и возилата со кои располага полицијата.

 

Исто така, присутните беа запознати и со основните правила и прописи во сообраќајот, а им беше поделен и материјал со кој располага СВР Битола за превентивните кампањи и активности кои се спроведуваат на ниво на Секторот.

Во обраќањето пред присутните, портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова потсети дека Отсекот за превенција, како посебна организациона единица, е формирана на деветти декември 2008 година, потпомогната од Мисијата на ОБСЕ и е произлезена од заложбите и настојувањата на полицијата да делува превентивно во служба на граѓаните.полициј а2

„Поради тоа, денеска можеме да се пофалиме дека сме вклучени во многу активности и проекти кои даваат значаен придонес за поголема безбедност на граѓаните. За тоа зборуваат и статистичките податоци кои покажуваат намалување на криминалот, зачувување на јавниот ред и мир и зголемување на безбедноста во сообраќајот“, истакна Стаматова.полиција

Во обраќањето пред присутниите, претседателката на РСБСП – Гордана Кожуварова истакна дека Советот реализира голем број на кампањи меѓу кои во тек е зимската кампања, новогодишната кампања, а се уште трае и кампањата „Безбедно дете-безбедна иднина.“ Кожуварова, исто така, потенцираше дека Советот, секаде каде има можност, реализира едукативни предавања, а Отсекот за превенција безрезервно ги подржува и помага во нивна реализација.полиција 3

полиција5

полиција 6

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани