Webp.net gifmaker

Поранешниот селектор на хрватската ракометна репрезентација, Жељко Бабиќ, нов шеф на стручниот штаб на "Еурофарм-Пелистер"

Јануари 08, 2020
Нов шеф на стручниот штаб на РК Еурофарм Пелистер ќе биде  Жељко Бабиќ, поранешен селектор на Хрватската ракометна репрезентација и тренер на РК Загреб, РК Мешков Брест и РК Горење Велење, објави денеска РК Еурофарм Работник.
 
Жељко Бабиќ е роден на 19 мај 1972 година. 
Во досегашната своја тренерска кариера, како помошник тренер со репрезентацијата на Хрватска има освоено бронзани медали на Олимписките игри во Лондон 2012 год, Европското првенство во Србија 2012 год и Светското првенство во Шпанија 2013 год.
Како селектор со ракометната репрезентација на Хрватска, на Европското првенство во Полска 2016 година го освои бронзениот медал.
 
-Бабиќ е докажан ракометен стручњак, кој во нашиот проект влегува со голем ентузијам и желба за постигнување на врвни резултати и се разбира враќање на ракометните титули во најракометниот град - Битола. Управата на РК Еурофарм Пелистер му посакува едно огромно добредојде, многу заеднички успеси и долготрајна соработка, велат од клубот и преку социјалните мрежи му посакаа на Бабиќ добредојде во РК Еурофарм Пелистер

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани