Webp.net gifmaker

Потпишан договорот за реконструкција на фасадата на „Пазари“, наскоро се почнува со градежните работи

Февруари 05, 2020

ЈП „Пазари“ ја заврши постапката за реновирање на фасадата. Наскоро ќе започнат активностите за комплетно реновирање на фасадата и промена на целокупната дограма, изјави Владе Атанасовски директор на ЈП „Пазари“ Битола.

дог ап

ЈП „Пазари“ претходно доби зелено светло до Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија да ја реновира надворешно управната зграда –фасадата и  дограмата.

 Атанасовски  потврди дека  поднеле проект до Управата за заштита на културното наследство за реновирање на фасадата и дограмата на зградата бидејќи објектот е во незавидна состојба, времето, влагата и негрижата си го направиле своето. По ова  „Пазари“ за краток период ќе распише тендер за избор на изведувач на работите.

-Објектот каде е сместена управната зграда е од пред седумдесетина година. И како што бил тогаш изграден така ништо не е интервенирано  досега. Ние сакавме да ги смениме работи, па поднесовме проект до Управата за заштита на културното  наследство бидејќи зградата  е зона на заштитено подрачје. Управата ни одобри , решението го примивме и тоа значи дека во 2020 година зградата ќе се реновира надворешно . Ќе ја смениме комплетно фасадата и ќе ставиме нова дрвена квалитетна дограма за да ја зачуваме автентичноста на објектот. На реконструкцијата чекаат 620 квадратни метри површина без прозорците и вратите , изјави за Апла.мк директорот Атанасовски.

Целосната финансиска конструкција за овој зафат ја покрива јавното претпријатие „Пазари“ од сопствени средства.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани