2win800x200

Битолчани на Фестивалот на мимозите во Херцег Нови

Февруари 15, 2020

Она што некогаш беше Југославија, сега сакаме да го наречеме регион, така ни е полесно. Синоќа во Херцег Нови, беше регионот на едно место. По 51-ви пат се славеше мимозата како дрво кое морепловците го донеле на своите жени за да ги наградат за верноста после нивните долги патувања по морињата, ни напиша Светлана Петковска, претседателка на Организација на жени од Битола, која викендов е во Херцег Нови.

 

„Регионот околу Баошиќи и Херцег Нови е пожолтен од бојата на расцветаните мимози. На многу места во Баошиќи, денес се пржеше морска срдела, се точеше црвено вино, кој колку сака и колку му носи душата. На секој чекор жива музика, разни нации играа едни до други и го правеа денот прекрасен. Вечерта спроти настанот, во хотелот ‘Војводина’ имаше продажна изложба на многу видови на цвеќе, рачно направени сапуни, рачно изработени производи од дрво, накит, а се од локални производители“, пиша Петковска споделувајќи ги со Апла.мк своите доживувања.

На Фестивалот на мимозите во Херцег Нови, збратимен град на Битола е и директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски. Таа не својот фејзбук профил напиша дека е воодушевана од приказната за мимозите и фестивалската атмосфера. 

„Ми раскажуваа денес моите домакини Војо Килибарда и Витка Вујиновиќ за мимозите. Викаат мимозата се крши, не се сече со нож или ножици, едноставно се бере со кршење... И колку повеќе ја кршиш, толку повеќе расне и цвета наредниот пат. Ме воодушеви приказната... Можеби во неа препознав дел од мојата животна приказна... Инспиративна во секој случај! Денес беше прекрасен ден на фестивалот, исполнет со многу букети од мимози, паради, песни и танци, расположени луѓе, со риба и вино, со концертот на Калиопи кој го проследија Македонци, Црногорци, Срби, Руси, Босанци... Фестивалот на мимозите, ме освои и го препорачувам на секој како туристичка дестинација“,наприша Андоновска Илијевски.

По повод Празникот на мимозите на Херцег Нови, познатите мажоретки кон крајот на јануари настапија и на Широк Сокак во Битола.  Битола и Херцег Нови се збратимени од шеесеттите години, а во последните години се прават обиди за зајакнување на меѓусебните врски.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани